Без вода од 8 часот делови од центарот на Скопје

Прекините се поради поправки на затворачи на булеварот „Крсте Мисирков“, улицата „Отокар Кершовани“ и кејот „Димитар Влахов“

Денес, делови од Скопје ќе останат без вода поради технички интервенции на водоводната мрежа.

Поради поправка на затворач ф300 мм на булеварот „Крсте Мисирков“ и улицата „Отокар Кершовани“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до завршување на работните активности.

Исто така, поради поправка на два затворачи ф600 мм и ф300 мм на кејот „Димитар Влахов“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до завршување на интервенцијата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс