Во недела делови од Скопје ќе останат без струја поради реконструкција на мрежата

Во недела, 26 април, од 5 до 15 часот делови од Скопје, особено во Драчево и Кисела Вода, ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Од Електродистрибуција информираат дека во недела, 26 април, од 5 до 15 часот ќе се вршат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, поради што делови од Скопје ќе имаат прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Од Електродистрибуција соопштија дека во недела, 26 април 2026 година, во периодот од 05:00 до 15:00 часот ќе се спроведуваат активности за реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија.

Во овој временски интервал, делови од Скопје ќе останат без струја.

Во населбата Драчево се очекуваат краткотрајни прекини на повеќе улици, меѓу кои „Јустинијан Први“, „Драчевска“, „Малешевска“, „Бранко Заревски“, „Антон Димитров“, „Славка Димкова“, „Иван Хаџиниколов“, „Сердарот“, „Герника“, „Киро Фетак“, „Ризо Ризов“, „Јанко Мишиќ“, „Живко Фирфов“, „Ратко Митровиќ“, „Речиште“, „Илија Ристовски“, „Корчевска“, „Домазетовска“, „Иван Тургењев“, „Коперникова“, „Волтерова“ и „Гутенбергова“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни