Дел од корисниците во општина Центар и неколку скопски села денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Ленинова“, односно „Аминта Трети“, во општина Центар.
Прекинот ќе го опфати и реонот околу кафулињата „Кала“, „Ателје“, „Адмирал“, како и останатите објекти во тој дел од градот.
Во периодот од 09:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците во селото Долно Соње, лоцирани на улиците „6“, „8“ и „12“.
Од 09:00 до 15:00 часот прекин е најавен и за дел од корисниците во реонот на селата Мирковци и Горно Оризари.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани технички интервенции што ќе ги изведуваат екипи на ЕВН Македонија АД.