Делови од Скопје денеска ќе останат без струја и вода поради зафати во електродистрибутивната мрежа и санација на дефект во водоводната мрежа.
Без електрична енергија од 8:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“ и „Индира Ганди“ 31 во општина Шуто Оризари. Прекин ќе има и во општина Сопиште, каде што од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе останат корисниците од дел од улица 4 и дел од улица 8 во Горно Соње.
Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекините се поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа.
Прекин во водоснабдувањето, пак, ќе има во дел од општина Центар. Поради дефект на шибер со пречник од 300 милиметри на улицата „Никола Карев“ бб, од 9:00 часот без вода ќе останат корисниците од улиците „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, дел од населбата Пролет, Центарот за јавно здравје, ОУ „11 Октомври“ и детската градинка.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најавуваат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.