ЕВН Македонија информира дека денеска, поради технички интервенции на електродистрибутивната мрежа, ќе има планиран прекин на снабдувањето со електрична енергија во делови од општина Ѓорче Петров. Според најавата, од 09:30 до 14:30 часот без електрична енергија ќе останат делови од следните улици: Борис Сарафов, Македонска Преродба и Знеполе.
Од ЕВН апелираат до граѓаните навреме да ги планираат своите активности и посочуваат дека прекинот е поради редовни технички зафати за одржување и унапредување на електродистрибутивната мрежа.