Жителите на неколку скопски села и дел од општина Карпош денеска привремено ќе останат без електрична енергија поради планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Од 8:00 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците во селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка.
Во меѓувреме, од 10:30 до 13:30 часот прекин во снабдувањето ќе има и на улицата „Рузвелтова“ број 11 и 13 во општина Карпош.
Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека прекинот е поради планирани активности што ги спроведуваат екипи на ЕВН Македонија.