„Balkan Job Market” регионална платформа за вработување во Западен Балкан

Платформата Balkan Job Market има цел да ги поврзе барателите на работа и работодавачите од Македонија, Србија, Албанија, Косово и БиХ

Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико на 23 април 2026 година во Europe House, Скопје, со почеток од 15:30 часот до 17:00 часот. ќе ја промовира новата регионална платформа за вработување во Западен Балкан „Balkan Job Market”, која ќе се одржи на

Платформата Balkan Job Market има цел да ги поврзе барателите на работа и работодавачите од Македонија, Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, преку едноставен и пристапен дигитален простор за вработување.

Balkan Job Market овозможува компаниите и барателите на работа да креираат сопствени профили, преку кои ќе можат да ги претстават своите потреби, искуства и вештини. Платформата е дизајнирана да ги поврзува вештините на барателите на работа со конкретните побарувања на компаниите и вклучува автоматски механизам за пресметување на усогласеноста („match”) меѓу профилите на кандидатите и огласите за работа.

Платформата придонесува кон подобрување на пристапот до пазарот на труд, со посебен фокус на ранливите категории, вклучително и ромската заедница. Преку структурирано поврзување, повеќејазичен пристап и користење на дигитални алатки, таа овозможува поефикасно усогласување помеѓу понудата и побарувачката на работна сила во регионот.

Со оваа иницијатива се прави важен чекор кон создавање поинклузивен и транспарентен пазар на труд, каде секој има еднаква можност да ги претвори своите вештини во реални можности за вработување.

Регионалната платформа е дел од регионалниот проект „Надвор од бариерите: Резилиентност на Ромите во Западен Балкан” финансиран од Европската Унија а имплементиран од Институтот за истражување и анализа на политики Ромалитико, ИнСок, YUROM – Србија, Kali Sara – Босна и Херцеговина, RomaVersitas – Косово и IRCA – Албанија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни