Search

Автомобил кој се отклучува со скенирање на лицето

GV60 е првиот целосно електричен модел на компанијата Genesis, која прави луксузни возила за групацијата на Hyundai group. Автомобилот има опции Face Connect и Fingerprint Authentication System, со кои овој производител на автомобили сака на корисниците да им понуди нешто практично безбедно и персонализирано.

Face Connect е опција која овозможува возилото да го препознае лицето на возачот и да ги отклучи или да ги заклучи вратите без клуч. Кога сопственикот ќе ја допре рачката, камерата поставена во возилото ќе го анализира лицето и моментално ќе го идентификува сопственикот. Опцијата им овоможува на сопствениците да регистрираат повеќе профили, па идеална е за семејства со повеќе лица кои возат.

Со Face Connect дисплејот, седиштето, волано и ретровизорите може да се наместат посебно за секој возач. Автоматски може да се конектира во профилот на соодветниот возач и да го зголеми чувството на индивидуалност.

Ког возачот ќе биде во автомобилот, опцијата Fingerprint Authentication System, која се наоѓа до менувачот на брзини, може да се користи за да се стартува возилото и да се вози без потреба од клуч. Системот, исто така, нуди и функција за автентикација за онлајн плаќање преку автомобилот.

GV60 ја има и најнапредната верзија на Digital Key feature, која на возачите им ги отвора вратите без потреба од телефон. Digital Key 2 сега на корисниците им овозможува да влезат и да излезат од возилото со едноставмо допирање на рачктата.

Извор: interestingengineering.com

Најново

Последни колумни