ВИДЕО: Се урна американски борбен авион Ф-35 во близина на Сан Диего

Пилотот успешно се катапултираше пред падот на борбениот авион од типот F-35B во близина на американската воена база Мирамар.

Американски военовоздухопловен авион F-35B Lightning II се урна денеска во близина на базата Мирамар во Сан Диего, Калифорнија. Инцидентот се случил околу 10 часот по локално време, а пилотот успеал безбедно да се катапултира и е спасен од страна на итните служби кои веднаш излегоа на терен.

Американскиот марински корпус потврди дека станува збор за сериозен инцидент во кој е вклучен борбен авион од нивниот состав. Службите за спасување и воените тимови веднаш беа упатени на местото на падот за да ја обезбедат областа и да го прегледаат пилотот. Според првичните информации од терен, пилотот е во стабилна состојба.

Авионот F-35 Lightning II важи за еден од најсовремените и најскапите борбени авиони во американскиот арсенал. Воените инспектори започнаа истрага за да ги утврдат техничките или човечките причини што доведоа до падот на леталато за време на редовните активности.

е-Трн да боцка во твојот инбокс