Необичното ладење околу Екваторот, неколку степени северно и јужно, започнало на почетокот на јуни, по најдолгата низа на загревање на океанот во последните 40 години.
„И покрај фактот што температурата на тој дел од океанот често варира, од студена во топла фаза на секои неколку години, брзината со која температурата овојпат отиде од рекордно високо на рекордно ниско ниво е навистина без преседан“, рече Франц Тукен, постдокторски истражувач на Универзитетот во Флорида во Мајами, кој ги следеше температурите.
Мајкл Мекфејден од Националната океанска и атмосферска администрација во САД вели дека се збунети, бидејќи не сфаќаат што се случува.
„Можеби станува збор за нова карактеристика која се развила од некој процес кој не го сфаќаме и не го разбираме“ вели тој.
Во февруари и март оваа година температурата на водата била највисока од 1982 година и изнесуваше 30 степени. Меѓутоа, во јуни температурата нагло почна да паѓа и до јули паднала на 25 степени.
„Засега нашите сознанија не даваат одговори на прашњата за тоа што ги поттикнува овие заладувања“ вели Тукен.
„Тој дел сега се загрева. Не е во прашање атлантска Ла Ниња, туку нешто друго се случува“ додава Мефејден.
Извор: РТС