Аријана Гранде ги остави сите без здив во фустанот „Tinker Bell“ 

Аријана Гранде привлече внимание на 30. Critics Choice Awards со необично модно издание кое ги подели мислењата. Пејачката се појави во фустан инспириран од мрежести материјали и природни елементи, со реси кои создадоа силуета речиси како самовила. 

Додека некои ја пофалија нејзината храброст и оригиналност, други беа збунети од необичниот крој и естетика на фустанот, кој наликуваше на костим од бајка. 

Нејзината исклучително витка линија дополнително ја истакна деликатноста на овој аутфит, што предизвика различни реакции кај присутните. „Кожа и коски“, напиша една корисничка под видеото од нејзиното пристигнување на настанот. „

Аријана изгледа нездраво слабо“, се согласи друг, додека трет праша: „Дали Аријана отсекогаш била толку слаба?“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни