Андреа Бочели го учеше Ед Ширан да свири флејта, додека Вил Смит аплаудираше

Фото: Инстаграм/Н1

Италијанскиот тенор Андреа Бочели прославува 30 години од својот прв снимен албум со концертите во Театаро дел Силенцио, во својата родна Тоскана, поради што голем број на естрадни и филмски ѕвезди се таму за да го испочитуваат уметникот.

Американскиот актер Вил Смит му се приклучи на Бочели на сцената, но и забележа интересен момент позади сцената. Тој на Инстаграм објави видео на кое е заедно со музичката ѕвезда Ед Ширан.

Бочели прво изведува серенада за своите пријатели на флејта, а потоа прашува дали некој сака да свири.

Ед Ширан тогаш сталожено за прв пат свири на овој инструмет, а по неколку обиди и насмевки, отсвира неколку ноти додека присутните аплаудира.

Бочели објасни дека често користи флејта за да се подготви за настап, бидејќи му овозможува да ја загрее дијафрагмата без да го напрега гласот.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни