Search

Ало Бушавко – 070390632 -телефонот за деца и млади го одбележа своето 30 годишно постоење

АЛО БУШАВКО е комуникациска платформа преку која децата на возраст од пет до 18 години може да споделуваат емоции, потреби и да се информираат за совет или помош.

Проблеми со гнев, емоционална вознемиреност, врсничко насилство, нарушени семејни односи се најголем дел од проблемите за кои се обраќале децата и младите изминатот период на Ало Бушавко – телефон за деца и млади овозможен од страна на Првата детска амбасада „Меѓаши“.

Од тимот на Меѓаши велат дека пријавувањето на проблемите е добро бидејќи укажува на зголемена храброст да се пријави, но е и показател дека некои работи се повторуваат, поради што е потребна зголемена едукација и советувалишта.

„И покрај тоа што бројот на деца кои нè контактирале не е голем, сепак споредено со минатите години се забележува поголем број деца и млади кои директно нѐ контактираат. Овој податок во исто време, ни укажува дека напорите што ги правевме преку промотивните активности и во 2023 година, а започнати од 2021 г., допреле и охрабриле определен број деца да ни се обратат директно и поразговараат со нас за работите што ги тиштат или за кои размислуваат. „Ало Бушавко“ телефонот како линија на која децата се ислушани, поддржани и советувани без притоа да се наруши нивната анонимност, приватност и доверба“, се вели во соопштението до медиумите.

Во текот на 2023 година, телефонот за деца и млади „Ало Бушавко“ беше достапен 24 часа секој ден во годината. За ова се заслужни тимот советувачи составен од волонтери – студенти во завршните години, психолози, педагози, социјални работници, психотерапевти, наставници, координирани од
операторката на линијата и програмскиот тим на Меѓаши.

На АлоБушавко – телефонот за деца и млади во моментот се ангажирани 12 волонтер(к)и кои активно учествуваат во реализација на тековните активности на АлоБушавко – телефонот за деца и млади и се јавуваат на повиците во текот на дежурствата во попладневните часови во работните денови, како и во викендите. Со тимот на Ало Бушавко разговаравме за типот на проблеми за кои најчесто се јауваат децата и младите и што е она што најмногу ги мачи.

За што, најчесто се обратиле младите во 2023 година на телефонот Ало бушавко ?

Најголем процент на деца – 35% (251 деца) се засегнати со емоционална вознемиреност.

158 деца биле жртви на повреда во најразличен облик, што опфаќа 22 % од вкупниот број на
деца кои се опфатени со повиците за извештајната 2023 година.
Овие дојави се однесуваат на повеќе видови повреда:

  • Булинг – 18
  • Физичко насилство – 40
  • Ментално/емоционално насилство – 52
  • Занемарување (негрижа) – 17
  • Злоупотреба на детски труд – 3

На трето место по застапеност со 15%, се опфатени со дојавите кои се однесуваат на категоријата
семејни односи со прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки и непочитување на решенијата од центрите за социјална работа, по основ правото на контакт или средби на детето со другиот родител кој не е старател. Ова е алармантна бројка која се повторува низ годините наназад што ни укажува дека треба да се спроведат дополнителни мерки и едукации преку советодавна работа на родителите при нивната разделба.

Од Меѓаши велат: „Беше обезбедена директна помош или поддршка на случаи во кои се засегнати 66 деца. Дадени се препораки во случаите кои се однесуваат на 244 деца и млади, дадени се информации за контакт на соодветната институција во кои се опфатени 125 деца, потоа 116 деца или млади упатени беа до други организации или институции, додека 103 деца се упатени до агенции/институции надлежни за спроведување на законот.“

Најново

Последни колумни