Откриени над 30 нови вируси што ги пренесуваат крлежи и комарци

Во Русија се идентификувани повеќе од 30 нови вируси што ги пренесуваат крлежи, комарци и мали животни. Научниците предупредуваат на зголемена вирусна разновидност и важноста на понатамошни истражувања.

Во Русија се идентификувани повеќе од 30 нови вируси кои ги пренесуваат крлежи, комарци, мали цицачи и лилјаци, соопшти рускиот Федерален истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија „Вектор“. Според податоците, научниците формирале „биобанка на вируси“ користејќи повеќе од 20.000 биолошки примероци собрани од 50 региони на Руската Федерација.

Во анализите е утврдено: над 30 нови РНК вируси, повеќе од 70% покриеност на вирусниот геном и дополнително се откриени три нови некласифицирани вируси.

Податоците укажуваат на значителна вирусна разновидност во испитуваните примероци. Истражувачите истакнуваат дека овие резултати ја нагласуваат важноста на метагеномското секвенционирање, кое помага во откривање на слабо познати вирусни агенси. Иако не се наведени директни последици за луѓето, експертите предупредуваат дека ваквите откритија се важни за следење на потенцијални ризици од болести што ги пренесуваат инсекти и животни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс