Осум активни и четири изгаснати пожари денеска во Македонија

Од регистрираните пожари осум се активни, додека четири се изгаснати. а во моментов нема пожари кои се под контрола

Денеска до 3:00 часот, регистрирани се вкупно 12 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.

Од регистрираните пожари осум се активни, додека четири се изгаснати. а во моментов нема пожари кои се под контрола.

Активни пожари има кај Чаниште кој се шири во три краци, а уште гори и кај селото Морани. Активни пожари има и во општините Крушево, Македонски Брод, Кичево, Велес, Липково и Куманово

Изгаснати се пожарите во општините Радовиш, Гостивар, Неготино и Ново Село.

е-Трн да боцка во твојот инбокс