Актерката од Хари Потер, Џеси Кејв, откри дека има профил на OnlyFans за да и помогне да излезе од долговите и да се зацврсти себеси.
Кејв, која го толкуваше ликот на Лаванда Браун во три филма низ франшизата за Хари Потер, прецизираше дека профилот нема да биде со сексуална содржина и наместо тоа, на претплатниците ќе им понуди „квалитетни звуци на коса“, со цел да им се допадне на луѓето со фетиш за коса.
Говорејќи на нејзиниот подкаст „Пред да се разделиме повторно“, 37-годишната актерка рече: „Лансирам профил на OnlyFans насочен кон луѓе кои имаат интерес или фетиш за косата. Тоа е фетиш. Фетишот не мора да значи сексуален“.
Кејв, која исто така се има појавено во филмови како „Големите очекувања“ и во телевизиски серии како „Црното огледало“ и „Бебето“, објасни дека веќе прави многу видеа со нејзината коса на нејзиниот Инстаграм и забележала дека има голем интерес за областа, која била „ослободувачка“ и „зајакнувачка“.
Инаку, Кејв не е првата личност од оваа индустрија која со профил на OnlyFans остварува дополнителен приход. Минатата година, пејачката и текстописец Лили Ален откри дека профилот на OnlyFans, на кој објавува слики од нејзините стапала, заработува повеќе од нејзините музички стримови на Spotify.
„Замислете да сте уметник и месечно да имате речиси осум милиони слушатели на Spotify, но да заработите повеќе пари од тоа што 1.000 луѓе се претплатуваат на слики од вашите стапала“, напиша таа на X во тоа време. „Не мразете го играчот, мразете ја играта“.
Профил на OnlyFans има и британската пејачка и текстописец Кејт Неш – „Butts 4 Tour Busses“, за да си помогне во финансирањето на нејзината европска турнеја, додека ѕвездата на „Сопранови“ Дреа де Матео рече дека нејзиниот профил на OnlyFans „ѝ го спасил животот“ кога била блиску до бездомништво.
Други познати личности, како што се Иги Азалеа и Тајга, исто така објавуваат содржини на страницата за нивните претплатници, зголемувајќи ја популарноста на платформата и како извор на дополнителен приход.