Во срцето на AI се создава нова генерација технолошки милионери, а главната причина е експлозивниот раст на индустријата за вештачка интелигенција. Според американските медиуми, дел од вработените во, компанијата која стои зад, веќе заработиле десетици милиони долари и тоа пред компанијата официјално да излезе на берза.
Станува збор за инженери, истражувачи и менаџери кои поседувале интерни акции во компанијата, а дел од нив ги продале на приватни инвеститори и фондови. Според извештаите, повеќе од 600 сегашни и поранешни вработени продале акции во вкупна вредност од 6,6 милијарди долари, додека поединци инкасирале и до 30 милиони долари.
AI индустријата создава нова технолошка елита
Експертите сè почесто ја споредуваат актуелната AI револуција со интернет-бумот од деведесеттите години, но со една голема разлика, парите денес пристигнуваат многу побрзо. Додека во ерата на „dot-com“ компаниите вработените со години чекале фирмите да излезат на берза за нивните акции да добијат вредност, денес компании како OpenAI и им овозможуваат на вработените порано да продаваат дел од своите акции.
Така, многумина стануваат милионери додека компаниите формално сè уште се приватни.
Плати над 500.000 долари годишно
Борбата за врвни AI експерти стана една од најскапите трки во историјата на технолошката индустрија. Американските медиуми објавуваат дека на дел од истражувачите им нудела пакети вредни и до 300 милиони долари за да ги привлече од конкуренцијата.
Истовремено, во OpenAI дел од вработените добиваат годишни примања поголеми од 500.000 долари, дополнети со бонуси и акции.
Сан Франциско повторно станува град на екстремно богатство
Последиците од AI бумот веќе се чувствуваат и надвор од технолошките компании. Кириите во Сан Франциско повторно растат, луксузниот пазар на недвижности бележи нов бран побарувачка, а економистите предупредуваат на продлабочување на разликите меѓу технолошката елита и останатите граѓани.
Инвеститорите сега внимателно ги следат следните потези на OpenAI и Anthropic, бидејќи евентуален излез на берза би можел да создаде уште илјадници нови мултимилионери и да стане еден од најголемите бранови на создавање богатство во модерната технолошка историја.