Повеќе од 555 земјотреси со јачина до 4,9 степени според Рихтеровата скала (од кои најмалку 200 беа над 3 степени) забележал Европскиот и Средоземниот сеизмолошки центар во последните пет дена во морската област околу Санторини.
Ова е број што динамично се менува, бидејќи новите потреси постојано се случуваат, што предизвикало голема загриженост кај населението кое масовно почнало да го напушта островот, пренесува порталот Protothema.gr.
Земјотресите предизвикуваат одрони и затоа пристапот до Амуди, Арменија и до старото пристаниште во Фира е забранет, па луѓето масовно го напуштаат Санторини.
Авионските компании, среде протестите поради зголемувањето на цените на билетите, закажале вонредни летови, додека фериботите работат со полн капацитет за да ги превезат сите кои сакаат да го напуштат островот. На социјалните мрежи се појавија и најновите снимки од бројни одрони од карпите околу населбите на ивицата на калдерата.
Сеизмолошките комитети ќе се состане денес за да разговараат за ситуацијата.