Agents Of Time, Meduza, Layla Benitez и Senidah, настапија на Егзит – во Струмица

На сцената први се појавија локални и македонски изведувачи, а забавата ја отворија DJ Bonev, a во состав на силната регионална програма следуваше DJ Popeye, Divizija, Zee, Matej Foltz  и Young Dadi.

Синоќа во Струмица се одржа големата „Get EXITed“ забава во рамки на  Eгзит (ЕXIT) фестивалот на која настапија имиња од светската и регионална музичка сцена.

Пред сцената поставена во Градскиот парк во Струмица голем број посетители се забавуваа со сетовите на познатите диџеи до раните утрински часови, а влезот беше слободен.

На сцената први се појавија локални и македонски изведувачи, а забавата ја отворија DJ Bonev, a во состав на силната регионална програма следуваше DJ Popeye, Divizija, Zee, Matej Foltz  и Young Dadi.

Публиката дополнително ја загрееја нашите 2 Бона, а по нив настапи регионалната дива  Senidah. По неа аfro-house ѕвездата Layla Benitez, динамичното техно трио Meduza, а финалето на ноќната забава му припадне на популарното елетро дуо Agents Of Time.

Според градоначалникот Костадин Костадинов, Струмица со оваа манифестација е музичкиот центар на Балканот и пошироко.

„Домаќини сме на светски познати имиња од музичката сцена, поддржани од талентираните локални музички артисти, комбинација со која ги отворивме вратите за илјадници гости и посетители од регионот.  Ова е настан кој го поттикнува економскиот раст во Струмица, поддржувајќи ги локалните бизниси“, објави струмичкиот градоначалник.

„Get EXITed“ Струмица се одржува трета година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс