Адвокатот на поп-ѕвездата Џастин Тимберлејк изјави дека пејачот не бил во алкохолизирана состојба кога минатиот месец со застанала сообраќајна полиција, додека возел низ Хемптонс.
Адвокатот тврди дека документите кои полицијата ги доставила за случајот на поп-ѕвездата има голем број грешки. Меѓутоа, судија во местото Саг Харбор, каде што е обвинет, побара обвинението да биде повторно поднесено со исправена папирологија.
Џастин Тимберлејк не присуствуваше на првото сослушување, а неговиот адвокат рекол дека полицијата направила многу грешки и дека очекува обвинувањето да биде отфрлено и тој рече дека Тимберлејк не возел пијан.
„Не бил пијан. Ќе кажам повторно. Џастин Тимберлејк не бил пијан“ рекол адвокатот Бурк за новинарите пред судот.
Од канцеларијата на обвинителот велат дека проблемот со документите е грешка и дека ќе бидат поднесени поправени документи.
„Фактите и околностите на случајот не се променети“ рекла портпаролката Емил О’Нил.
Тимберлејк се сомничи дека возел пијан во едно село во њујоршкото летовалиште Хемптонс, а полицијата рекла дека не застанал пред знак „Стоп“ и дека со возилото излегувал од лентата.
Извор: Н1