Сабота со сончеви периоди, во недела се очекува локален дожд

Денеска, 24 октомври, времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен југозападен ветер

Променливо облачно време со сончеви периоди се очекува денеска во Македонија. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Во Скопје ќе има променлива облачност и сончеви периоди, со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во недела се најавуваат повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува стабилизирање на времето, со мала облачност во текот на денот.


Северозападниот ветер во понеделник и вторник повремено ќе биде засилен долж Повардарието.

е-Трн да боцка во твојот инбокс