Денеска, 19 април се навршуваат 83 години од Востанието во варшавското гето – вооружемна побуна на варшавските Евреи за време на Втората светска војна.
Варшавското гето било основано со одлука на германскиот гувернер генерал Ханс Франк во октомври 1940 година.
Во летото 1942 г. Германците почнале да ги депортираат Евреите во логорите за истребување, главно во Треблинка.
Во тоа време, околу 50.000 Евреи останале во гетото, а Германците ја намалиле површината на гетото за околу една четвртина од нејзината поранешна површина. Во 1943 година Нацистите сакале целосно да го испразнат варшавското гето и да го затворат. Евреите во варшавското гето биле свесни за убивањето на депортираните Евреи, бидејќи имале информации за тоа.
Почнувајќи од летото 1942 г. Евреите се организирале и смислиле како да кренат востание. Првиот судир се случил на 18. јануари 1943 година. Било крваво задушено по неколку дена и тешки загуби.
На 19 април 1943 година, единиците на нацистичката СС Шуцштафел – „Безбедносен одред“ започнале со ликвидација на гетото. Жителите на гетото се кренале на востание со криумчарено оружје и со оружје од нивна сопствена изработка. Единиците на СС нападнале со артилерија.
Марек Еделман кој бил еден од водачите на востанието, ги навел следните факти за рамнотежата на силите: „Имаше 220 бунтовници и 2.090 нацисти. Германците имаа авијација, артилерија, оклопни возила, минофрлачи, 82 митралези, 135 пушки и 1358 карабини. Секој бунтовник имал револвер, пет запаливи и пет рачни гранати. Секој дел од гетото имал по 3 карабини, а целото гето имало 2 мини и само еден автоматски пиштол”.
Нацистите првично биле предводени од Фердинанд фон Самерн-Франкенег, но тој бил заменет по фронталниот напад, во кој биле убиени неколку војници на СС. Водството потоа го презел Јирген Штроп, кој ја забавил акцијата со цел да се минимализираат загубите.
Востанието траело околу еден месец.Се проценува дека загинале 16 војници на СС и најмалку 7.000 Евреи. Околу 42.000 Евреи биле депортирани во концентрационите логори Понијатова, Травники и Мајданек. Околу 7.000 Евреи биле испратени во концентрациониот логор Треблинка .