Денеска се одружува 43-от „Марш на ангелите“ и за првпат ќе се пешачи по улиците на Виница.
„Во 17.05 часот ќе се маршира за 63-те прекинати животи и неостварени соништа, празни соби и семејства што за секогаш останаа без дел од себе, стои во објавата на Здружението „16-ти Март“.
Додаваат дека за ваква трагедија не смее да постои симболична одговорност и дека условната казна не е правда за 63 изгубени животи и стотици уништени семејства.
Семејствата на загинатите и повредените од пожарот во „Пулс“ маршираат повеќе од една година незадоволни од институциите и како што велат огорчени од фактот што се уште нема правда за најголемата трагедија во историјата на Македонија.
Пожарот во дискотеката „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година каде загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.