Oпфатот на вакцинација против морбили во Македонија е околу 62%

Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји
Фото: Photo Credit:Content Providers(s): CDC/Dr. Heinz F. Eichenwald, Public domain, via Wikimedia Commons

Опфатот со вакцинација на децата против морбили изнесува околу 62 проценти, соопшти денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој, до родителите упати апел за поголема свесност и одговорно за да се спречи евентуална епидемија.

„Нашата цел е навремено да спречиме можна епидемија на морбили. Вакцините се најсигурната заштита од ова заразно заболување и затоа апелирам родителите да не ја одложуваат имунизацијата на своите деца, порача Клековски.

Потребата од зголемување на вакциналниот опфат е дополнително нагласена поради регистрираните случаи на морбили во соседните земји, велат здравтвените власти.

Оттаму, додаваат дека тие продолжуваат со внимателно следење на состојбата, координација со сите надлежни институции и навремено информирање на јавноста.

е-Трн да боцка во твојот инбокс