„50 години на сцена, а никогаш на насловна“ – Трн.мк ја исполнува неисполнетата желба на Драган Б. Костиќ

„Кој дојде, дојде. Присуството е пред сè почит кон себе, кон времето и кон мене,“ вели Драган Б. Костиќ, кој со вечерашниот настан го одбележува својот значаен јубилеј. За Трн.мк, тој открива дека не подготвува обичен концерт, туку забава за генерации, исполнета со музика од вчера, насмевки, и моменти што ќе потсетат на спомените кои ги носиме со нас. „Очекувам луѓе кои ќе играат колку можат, ќе потпевнат песни што не ги заборавиле и ќе се сретнат со одамна изгубени лица. И во тие мигови, меѓу сите нив, ќе бидам и јас – среќен,“ вели Костиќ. Прочитајте што го инспирира и како ќе изгледа вечерта што ветува спомени за цел живот.

Трн: Кој период од кариерата ви беше најубав и најплоден?

Драган: Осумдесетите години генерално за целиот свет чинам беа најплодни.Хетерогени трендовски, модно авангардни но прифатливи за сите генерациски слоеви. Едноставно, музиката одекнуваше од секој агол на планетата. Навидум слично, но и различно.Секој беше свој. Секој пронаоѓаше своја публика.Креативно,музички најсилниот период во рамките на популарната музика.Тогашните, англиската (пред се) и американска топ листа беа преплавени од нови инвентивни солисти и групни формации.По ништо не се разликуваше и овој наш (условно) простор, екс југословенски (со Македонија во тие рамки), кој во однос на европскиот беше во врвот, во првите пет, би рекол првите три земји. Тоа е период на мојата екстремна активност, радијско-телевизијска, водев Неделно попладне, Ноќна тв програма, Тркалото квинтно (колажно културно естрадна тв програма),Ква ква топ, на радио, Диско селектор, Радио Урнебес, и редица други емисии. Неповторливо….

Трн: Што сметате за ваш најголем успех?

Драган:  Семејно сум исполнет, скромен, никогаш не сум барал преку леб погача. Што успеав на илјадници млади луѓе со сопствениот талент, труд, умеење, знаење, да им го отворам прозорецот кон светот, шпто успеав да ги пренесам преку немирната вода на неиформираноста, да им покажам дека ништо не почнува од нас, секогаш има некој пред нас чија работа треба да се почитува. Во едно време, гледајки ги политичарите од моето опкружување, посакав (поттикнат од предлози на други ) да бидам дел од поскромен политички ешалон, во…на пример советот на општината или така нешто.Сознавајки зас оваа моја желба, мојот татко еден ден ме праша; ” Синко, кога одиш по улица, препознавајки те, некои луѓе те поздравуваат?”  Реков, Како не, секојдневно.” Е па тогаш, зошто сакаш наместо да те поздравуваат, да те пцујат?” . Го послушав.И се гордеам со тоа што секојдневно луѓе знаат да ми пријдат, да ме поздрават, да ми кажат колку во одредено време на созревање па и подоцна сум им значел, како позитивен лик. Зарем тоа не е успех?

Трн: Како успевате со вашата музика да опфатите толку многу генерации, кој е заедничкиот содржател и ако може да направите споредба некогаш и сега?

Драган:  Само секојдневното следење на се што се случува во светот на популарната музика, бескрајното секојдневно преслушување на десетици нови албумски остварувања од сите трендови, одбирот на најдоброто од нив, складирањето на истите, како и секоја позначајна информација на еден од екстерните десетина  најмалку четири терабјатни дискови и редица помали, читањето многубројни интервју, споредувајки разноразни остварувања низ времето, собирајки стотици и стотици интересни факти, претворајки ги во содржини за некои од моите емисии, контактите со илјадници луѓе по моите журки низ Скопје и целата Македонија. Читајки музичка литература, едуцирајки се постојано и пренесувајки го осознаеното врз слушателски генерации. Денес, секому речиси сѐ е достапно, но новите генерации немаат трпение да сослушуваат или сознаваат нешта.Треба многу труд, и чувство, на достапно разбирливо и забавно претставување  на светот на музиката и неговите минати и сегашни вредности, авторитетно, документирано, забавно, секому разбирливо а не елтистички настроено.Разликата е голема.Некогаш, информациите беа тошко достапни а публиката секогаш солидно информирана и едуцирана. Денес, секому се е достапно, речиси во истиот миг на настаните, но публиката крајно неедуцирана и покрај се, неинформирана.

Трн: Која музика вас ви е омилена, како правец?

Драган: Во секоја музика наоѓам свои фаворити, музиката не е само она што комерцијално и се претставува на публиката, во позадине врие од интересни проекти од сите трендови. Мое омилено подрачје е блуз, блуз рек, соул, класичен џез.

Трн: Каква музика никогаш не би пуштиле?

 Драган: Класичен турбо фолк, дед метал и и секакви видови на гангста рапови.

Трн: Дали сте исполнувале музички желби или одите строго по однапред утврдениот репертоар?

Драган: Речиси никогаш, затоа што прекршеното правило води до пракса. Немам цврсто утврдена програмска листа, имам плеј листа од која во даден миг, според атмосферата, присутната публика, ги одбирам песните.Да, знам понекогаш, доколку нечија желба може да ми се вклопи во моментната концепција, да ја прифатам сугестијата.Но не како императив.

Трн: Има ли нешто што не сте успеале да остварите во однос на кариерата, а ви било желба?

Драган: Освен што никогаш за 50 години и покрај стотици интервјуа никогаш не сум се појавил на било која насловна страница на било кој часопис.Не сум остварил неколку проекти кои би биле значајни за историјата на македонската популарна музика, што не ја завршив едицијата ЗАБОРАВИ АКО МОЖЕШ како книги за сведошто за осумдесетите години.Од планираните десет објавив само две (1980 и 1981) за другите, немав пари, а оние каде ги барав како министерството за култура, дури три пати ме одбиваа, со назнака за причината:НЕДОВОЛНО КОМПЕТЕНТЕН.За жал со истотото образложение и за проектотр СТО ПЕСНИ, СТО ПРИКАЗНИ, за најзначајни песни во македонската музичка историја.А, да.И посетата на БИ БИ СИ.Луѓето од македонското радио не ме вброија во екипата при посетата на оваа институција, како еден од ретките такви.А имав голема желба да влезам во тој музичкиот храм, што посакував уште како дете…Но Господ гледа…

Трн: Што ве поттикна да станете ова што сте и дали сте среќни?

Драган: Младешка желба… Првично,да бидеш забележан, но потоа љубовта кон определбата колја била дијаметрално спротивна од родителската желба да бидам доктор или машински инженер..Тие беа разочарани, а јас пресреќен со мојата конечна определба.

Трн: Кога би се вратиле од почеток, што би смениле во вашата кариера?

Драган: Би знаел како да работам во овој суров свет, со кој управуваат парите.А талентот, умеењето, знаењето, зависат од нив. За жал.Доколку само некои од многубројните деловни луѓе кои низ годините ме тапкале по рамо со пофалби, со чувство на одговорност ќе излезеа во пресрет на скромните желби за финансиска подршка на овој настан, тој ќе изгледаше многу посвечен, и….Но и вака ќе биде симболика на едно време, скромно, со љубов.А тие кои ги имаат парите, нека ги задржат за себе, нека ги трошат, нивни се. Да ли денес да почнувам би го работел ова? Не! Среќен сум што тоа што го работам сум го работел во вистинско време.Ова се времиња за нешто друго.Жалам што не сум цртал повеќе, бидејки тоа го сакам но не сум имал време, сега цртам многу, но очите не служат како некогаш.Жалам и што многу од тоа што сум го напиаша за моите емисии не сум го преточил во книги.Ќе се обидам да поработам на тоа…

Трн: Што значи љубов за вас?

Драган: Пред се почит, разбирање, верба, доверба, посакување.Без оглед на години, изглед.

Трн: Кажете еден пример што ви оставил најголем впечаток на вас од публиката?

Драган: Некаде во првото десетлетие од овој век, кај ” газдаклубот Медисон кај Тетово во време на почетокот на забраната пушење по локали, и работа стриктно до дванаесет.Преполно, двесте-триста луге, сите пеат, сите играат,во дванаесет никој не сака да си оди, полиција речиси пред врата, а публиката внатре го скандира моето име. Дотогаш недоживеано….Сигурно дека сум имал прекрасни мигови во исполнетите Елемент, Колосеум, Енд, Елдорадо во Гостивар, Селект во Струмица кога беше најпопуларната дискотека во Македонија, Расчекор и Импакт во Битола, дваесетина пати во златното време на дискотеката Парк во Охрид, Кабрио во Скопје, новогодишни забави, пречеци во Скопскиот Континентал на два ката, препполно, со недели претходно распродадени карти, и тоа три години по ред, на градски плоштади во Скопје и Прилеп за Нови години, летниот Колосеум, насекаде низ Македонија…Во малиот Дајв, подморницата  во Струга би одел пеш за да уживам во атмосферата и извонредната публика…

Трн: Какви се очекувањата од големиот концерт во петок ?         

Драган: Кој дојде дојде.Присуството е пред се почит кон себе, кон времето и кон мене.Тоа не е концерт,(тоа го прават групи и солисти), јас правам забава.За генерации.Музика од вчера.Оваа од денес им ја оставам на други.Очекувам луѓе од различни генерации, кои ќе играат колку можат, ќе потпевнат некои од песните кои не ги заборавиле и многу насмевки, средби на луѓе кои одамна не се сретнале.Ако се препознаат. Луѓе среќни (барем за миг) а меѓу нив, и јас.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни