Прво големо изненадување на СП: Шпанија немоќна против Зеленортските острови

Дебитантот на Мундијалот, Зеленортските острови го направија досега најголемото изненадување на Светското првентство

Дебитантот на Мундијалот, Зеленортските острови го направија досега најголемото изненадување на Светското првентство.

Со смирена и перфектна одбрана, африканската селекција успеа да го сочува голот против фаворизираната Шпанија.

Се редеа шанси за Шпанците и преку Педри, Аризабал, па и преку Јамал и Вилијамс но „сините ајкули“ останаа непоразени, а на крајот дури имаа и можност да постигнат гол.

Во оваа група се и репрезентациите на Саудиска Арабија и Уругвај а тие вечерва го играат нивниот натпревар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс