26-тиот Интернационален фестивал на монодрама – Битола 2025 „Еден збор, еден свет“ ќе се одржи од 17 до 23 мај,со што Битола повторно станува центарот на светската монодрама.
Финалните подготовки се во полн ек – сцената е речиси подготвена. Во текот на седум фестивалски вечери, сцената ќе им припаѓа на монодрамите од: Македонија, Полска, Литванија, Шпанија, САД, Романија, Бугарија, Киргистан и Грузија.