Search
Химна која ги изразува европските идеали за слобода, мир и солидарност

200 години „Ода на радоста“

На 7- ми мај 1824 година, за прв пати беше изведена „Ода на радоста“ како финален став на „Деветтата симфонија“, можеби најзначајното дело на Лудвиг ван Бетовен и денешна химна на Европската унија. Во универзалниот јазик на музиката, оваа химна ги изразува европските идеали за слобода, мир и солидарност.
Советот на министри во Стразбур ја прогласи „Ода на радоста“ за химна на 18 јануари 1972 година, а во 1985 година, ЕУ-лидерите ја прифатија како официјална химна на тогашната Европска заедница и од 1993 година на Европската Унија.

Револуционерната „Деветта симфонија“ на Лудвиг ван Бетовен е без сомнение, едно од најголемите дела на класичниот репертоар.

„Деветтата симфонија“ за многумина е кулминација на генијалноста на Бетовен. Тој за прв пат користи соло гласови во симфонија, поставувајќи ги зборовите на поемата на Шилер An die Freude. Тоа е најдолгата и најкомплексна од сите негови симфонии и врв на неговото достигнување. Ова симфонија е последното дело на Бетовен.

Речиси 200 години, познатата химничка тема на финалето на оваа симфонија – „Одата на радоста“ – симболизира надеж, единство и заедништво – преку границите и преку конфликти.

Најново

Последни колумни