Пронајдени тела на 17 мигранти кај либискиот брег

Најмалку 17 тела, за кои се верува дека им припаѓаат на мигранти, биле пронајдени во последните денови на брегот кај Зувара, западно од Триполи, во уште една трагедија на една од најопасните мигрантски рути кон Европа.

Седумнаесет телата биле пронајдени во близина на крајбрежниот град Зувара, на околу 117 километри западно од либискиот главен град Триполи, соопштил Центарот за итна медицина и поддршка, кој работи во рамки на Министерството за здравство на Либија. Според медицинските служби, 14 тела веќе биле погребани според протоколите, додека едно тело на државјанин на Бангладеш било идентификувано и преземено од неговото семејство во Триполи. Детали за преостанатите две тела засега не се познати.

Објавените фотографии од сетските медиуми на терен покажуваат медицински тимови како ги ставаат телата во бели вреќи и ги транспортираат со амбулантни возила. Засега не е соопштено кога точно настрадале овие луѓе ниту од која земја потекнувале повеќето од нив.

Либија и натаму е една од главните транзитни точки за мигранти кои бегаат од војни, сиромаштија и политичка нестабилност во Африка и Блискиот Исток, обидувајќи се преку Средоземното Море да стигнат до Европа. По падот на Моамер Гадафи во 2011 година, земјата влезе во долг период на нестабилност, што дополнително ги засили шверцерските мрежи и ризиците по мигрантите.

Трагедијата кај Зувара доаѓа во момент кога меѓународните организации предупредуваат дека 2026 е една од најсмртоносните години за мигрантските рути во Централниот Медитеран. Според податоци на Меѓународната организација за миграција што ги пренесе AP минатата недела, годинава веќе се регистрирани 990 загинати мигранти, од кои 765 во Централниот Медитеран

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни