На 17 јуни 1885 година, Статуата на слободата пристигнала во Америка. Не како величествена фигура која ги поздравува имигрантите, туку расклопена во 350 парчиња, спакувани во повеке од 200 сандаци, натоварени на францускиот воен брод „Исер”. Постаментот на кој требало да стои уште не бил изграден. Парите за него уште не биле собрани. Скулптурата чекала речиси година на островот Бедло пред да биде повторно склопена. На 28 октомври 1886 година, конечно застанала таму каде стои и денес, 141 година подоцна.
Идеjата: вечера, вино и еден разговор во 1865 година
Сè почнало со вечера. Дваесет години пред пристигнувањето во Њуjорк, младиот француски вајар Фредерик Огист Бартолди седел тивко на забава слушаjки го домаќинот Едуар Рене Лефебвр де Лабулеj да зборува. Малата група Французи окупирана на таа забава биле она што мнозинството тогаш би ги нарекло „радикали”: граѓани против владеењето на Наполеон III, во прилог на република.
Лабулеj ги пофалил односите меѓу Франциjа и Соединетите Американски Држави, сojуз кoj датирал уште од Американската револуциjа. Бартолди слушал. Потоа почнал да црта. Идеjата требало да биде готова до 1876 година, стoтата годишнина од американската Декларациjа за независност. Прибирањето средства, кое вклучувало аукции, лотариjа и боксерски натпревари, траело подолго отколку планирано, и во Европа и во САД, каде требало да се финансира и изгради постаментот.
Девет години изградба, 350 парчиња, 200 сандаци
За изградбата на Статуата на слободата во Франциjа биле потребни девет години, а изградбата завршила во 1885 година. Бартолди работел систематски, дел по дел, во своето паришко атеље. Техничкото решение за внатрешната конструкциjа му го дал Густав Ајфел, истиот инженер коjшто подоцна ја го дизаjнира Ајфеловата кула. Статуата е бакарна, дебела приближно колку две монети ставени заедно, поставена врз внатрешна конструкциjа од леано железо и нерѓосуjачки челик.
На 17 jуни 1885 година, расклопената Статуата на слободата, подарок за приjателство од народот на Франциjа кон народот на Америка, пристигнала во пристаништето на Њуjорк откако поминала преку Атлантскиот Океан во 350 поединечни парчиња спакувани во повеке од 200 сандаци.
Постаментот не бил готов. Парите за него биле скоро собрани, делумно поради необичен потег: весникот Њуjорк Ворлд на издавачот Jозеф Пулицер објавил jавна кампања, ветувajки дека ке го отпечати името на секоj донатор, без оглед на износот.
Позеленувањето: конгресот сакал да jа боjадисаат, народот одбил
Кога Статуата пристигнала во 1885 година, биjа бакарна, со сjаjна боjа. По 1900 година, службениците почнале да забележуваат дека статуата развива зелена патина поради оксидациjата на бакарната обвивка. До 1906 година, целата скулптура поминала во зелено, а Конгресот се обидел да jа боjадиса назад во оригиналната боjа. Меѓутоа, jавноста се спротивставила на оваа одлука, а група воени инженери утврдила дека патина нема штетни ефекти врз конструкциjата. Затоа единствено внатрешноста биjа боjадисана, додека надворешноста останала недопрена.
Денес зелената боjа е толку врзана за симболот на слободата, дека малкумина знаат дека таа не е оригиналниот изглед.
600 громови годишно и факела од злато
Два факта за Статуата на слободата коjшто ретко се спомнуваат. Приближно 600 громови удираат во Статуата секоjа година. Бакарниот материjал и огромната висина jа прават почувствителна на громови. Сепак, никогаш не е настаната сериозна или траjна штета.
Во 1984 година факелот бил заменет поради ерозиjа со реплика – бакарна конструкциjа целосно покриена со златен лист, поради што пламенот денес се гледа во злато додека остатокот од нejзиното бакарно тело оксидирало во зелено.
Поемата коjа ja промени смислата
Статуата на слободата не е иста со поемата. Била проектирана пред неа, но без неа денес би значела нешто поинакво. Поемата „The New Colossus” jа напишала американско-еврejската писателка Ема Лазарус во 1883 година, за изложба чиjа цел биjа прибирање средства за изградба на постаментот. Лазарус ги трансформирала зборовите на статуата во „Маjка на прогонетите”, светилник на надеж за имигрантите кои пристигнувале во пристаништето на Нjуjорк.
Поемата формално била додадена на приказот на Статуата на слободата 17 години по посветувањето, во 1903 година. Зборовите на сонетот биле врежани на бронзена плоча и поставени на внатрешниот ѕид на постаментот.
Реченицата „Give me your tired, your poor, your huddled masses yearning to breathe free” не била ни планирана да стои таму. Станала неотуѓива за симболот дури откако Лазарус починала, на само 38-годишна возраст, во 1887 година. Никогаш не ги видела зборовите врежани во бронза.
141 година подоцна: симболот под притисок
Денес, 141 година по пристигнувањето на 350-те парчиња бакар во Нjуjорк, Статуата на слободата стои на Островот на слободата и прима над четири милиони посетители годишно. На денот на нejзиното посветување, 28 октомври 1886 година, претседателот Гровер Кливленд изjавил: „Нема да заборавиме дека слободата го направила ова своj дом, ниту нejзиниот избран олтар ke биде занемарен.”
Тие зборови звучат поинаку во секоjа нова политичка ера. Тоа е природата на симболите: се менуваат без да се местат. Бакарот позеленел. Конгресот сакал да го боjадиса. Народот одбил. Статуата останала онаква каква jа направило времето.