Трагедија во Франција, 12-годишно момче пронајдено мртво покрај река

Француското обвинителство отвори истрага за убиство на малолетник, а околностите под кои починало 12-годишното момче сè уште се утврдуваат.

Француската полиција отвори истрага за убиство откако 12-годишно момче било пронајдено мртво на брегот на реката Вилен во градот Рен. Според обвинителството, околностите под кои починало детето сè уште се утврдуваат, но како една од можните хипотези се разгледува вмешаност на трето лице.

Телото на момчето било пронајдено во неделата попладне, во близина на реката, недалеку од централниот дел на градот. Француските медиуми, повикувајќи се на обвинителството, објавија дека околу неговиот врат бил врзан мокар пешкир, поради што случајот веднаш бил третиран како сомнителен.

Итните служби се обиделе да го реанимираат детето, но лекарите можеле само да констатираат смрт на местото на настанот. По пронаоѓањето на телото, полицијата и форензичарите ја обезбедиле областа покрај реката, каде во текот на вечерта бил извршен детален увид и биле собирани траги.

Обвинителството во Рен соопшти дека е отворена истрага за убиство на малолетник под 15 години. Случајот е предаден на специјализирана полициска единица во Рен, која треба да утврди што точно се случило пред смртта на момчето.

Француските медиуми пишуваат дека истражителите засега не ја исклучуваат можноста во случајот да било вклучено друго лице, но официјално сè уште нема информации за осомничени, мотив или целосна реконструкција на настанот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс