Search

Џон Тинисвуд е најстариот човек во светот со 111 години и 223 дена

Џон Тинисвуд од Велика Британија моментално е најстариот човек во светот со 111 години и 223 дена. Досегашниот носител на титулата, Хуан Висенте Перез Мора од Венецуела, почина во вторникот на 114-годишна возраст.

Тинисвуд, жесток навивач на Ливерпул, е роден на 26 август 1912 година и се сеќава како стоел на трибините гледајќи ги Били Лидел и Дикси Дин од Евертон.

Сопругата Блодвен ја запознал за време на Втората светска војна, а се венчале во 1942 година. Двојката беше во брак 44 години додека Блодвен не почина во 1986 година, а нивната ќерка Сузан се роди во 1943 година.

До неговото пензионирање во 1972 година, Тинисвуд работел за Royal Mail, Shell и BP.

Што се однесува до неговата долговечност, тој вели дека никогаш не обрнувал многу внимание на исхраната и специфичен начин на живот, а посочува дека омилена храна му се помфрит и риба, пишува BBC.

Тинисвуд, кој сега живее во старечки дом во Саутпорт, Англија, советува „тренирање на умот“ и „умереност“ за долг живот.

Најново

Последни колумни