Џенет Џексон: Никој не ме праша дали сакам да сум ѕвезда

Фото: J0 anna from Vancouver, Canada, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

„Не се сеќавам дека некогаш ме прашале“, рече пејачката Џенет Џексон за тоа дали сакала да постане мега ѕвезда, „само станав“.

Џенет Џексон се уште се сеќава на првата песна која ја напишала, кога имала девет години и ѝ било досадно додека паѓал дожд.

Таа влегла во семејното студио во Калифорнија и започнала да ја свири мелодијата која ја нарекла „Fantasy“. Бидејќи досадниот ден го пополнила, неразмислувајќи си отишла да спие, но утредента кога стигнала дома од училиште песната ја слушнала како свири низ дворот.

„Многу се засрамив. Вратата на студиото беше отворена, а Мајк тоа го слушаше“ вели таа, мислејќи на својот брат Мајкл.

„Мојот татко ито така слушаше и ми рече дека ќе го пејат тоа. Јас реков не и дека сакам да одам на факултет да студирам бизнис право“ се сеќава Џенет.

Но, кога Џо Џексон им кажувал нешто на децата, тогаш немало многу компромиси околу тоа.

„Беше тешко да се расправаш, бидјеќи гледајте каде ги однесе моите браќа“ вели таа и додава дека се согласила да се обиде да ја пее песната.

Речиси 50 години подоцна, Џенете Џексен е една од најуспешните изведувачки на сите времиња. Со албуми како „Control“ и „Janet“, таа продала над 100 милиони примероци, прогласена е за MTV икона, а во 1990 година стана и првата жена номинирана за најдобра продуцентка на Греми наградите.

Денес Џенет е искрена, опшуштена и забавна и отворена за шеги за нејзиниот несреќен љубовен живот.

Нејзиниот прв син Еиса е роден во 2017 година и вели дека мајчиството ѝ е најдобрата работа и дека уживо во тоа. Еиса има седум години, колку што имала и Џенет кога дебитираше на телевизија со својот брат Ренди во скеч на емисијата на Керол Барнет. Потоа таа играла улоги и во ТВ серии како што се Good Times и Diff’rent Strokes.

Во тинејџерските години ги објави своите први два албума, Janet Jackson и Dream Street, во кои имаше и изненадувачки дует со Клиф Ричард.

Потоа, на 18 години, Џенет изненадно и неочекувано побегна со соул пејачот Џејмс Де Барџ. Нивниот брак беше поништен по осум месеци, но не пред тој да ѝ се закани дека ќе ѝ ја уништи репутацијата. Во тоа време, Де Барџ бил зависник од дрога кој често исчезнувал, вклучувајќи и на брачната ноќ. Џенет го барала по улиците.

„Тогаш работев во ТВ емисија Fame и доцнев на работа со што го задржував снимањето“ вели Џенет.

„Никогаш не бев неодговорна. Само се чувствував дека на Џејмс му бев попотребна, отколку на емисијата“ вели Џенет.

Таа на крајот, сепак, се одлучила да ја напушти емисијата и да даде уште една шанса на музиката.

е-Трн да боцка во твојот инбокс