Компанијата Sotheby’s во Њујорк го продаде на аукција џемпер на принцеза Дијана кој го носеше во 1981 година на поло натпреварот на принцот Чарлс. Sotheby’s го опиша џемперот како „магичен црно-бел мотив на овци“ и беше еден од првите дизајни на Сали Муир и Џоан Озборн од плетената облека Warm and Wonderful основана во 1979 година.
Онлајн аукцијата беше отворена на 31 август, на 26-годишнината од смртта на Дијана. Идентитетот на купувачот сѐ уште не е откриен.
Сепак информациите се дека тој потрошил нешто над еден милион долари за да стане негов нов сопственик, односно 1.143.000 долари.
Извор: n1info.rs