Бројот на жртви во Индија и Непал порасна на 70: реките се излеваат, се стравува од нови поплави

Во индиската држава Утар Прадеш загинале 56 луѓе, а во Непал 14. Уште 11 лица се водат како исчезнати, додека властите предупредуваат на ризик од поројни поплави во голем дел од Непал.

Обилните дождови и невремето предизвикаа поплави и свлечишта во Индија и Непал, при што загинаа најмалку 70 луѓе, според поновите податоци што ги објави Ројтерс. Бројката од 19 загинати во првичната вест веќе е надмината.

Во северната индиска држава Утар Прадеш се потврдени 56 загинати и 46 повредени. Оштетени се повеќе од илјада куќи, а спасувачките екипи работат во поплавените подрачја. Меѓу 25 и 27 септември таму наврнале 66,5 милиметри дожд, наспроти вообичаените 7,6 милиметри за тој период.

Во Непал загинале 14 луѓе, а 11 се водат како исчезнати. Властите предупредуваат дека поројни поплави се можни во 49 од вкупно 77 окрузи. Надојдените реки, свлечиштата и прекините во снабдувањето со струја и телекомуникациските врски дополнително ја отежнуваат состојбата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс