Контроверзија во четвртфиналето: Еве зошто не беше досуден пенал за Белгија

Спорната ситуација се случи во 62. минута, при резултат 1:1, кога топката го погоди шпанскиот играч за врска во раката во сопствениот шеснаесетник.

Контроверзен момент го одбележа четвртфиналниот натпревар меѓу Шпанија и Белгија на Светското првенство, кога белгиските фудбалери бараа пенал по играњето со рака на Родри. Спорната ситуација се случи во 62. минута, при резултат 1:1, кога топката го погоди шпанскиот играч за врска во раката во сопствениот шеснаесетник.

Главниот судија Мајкл Оливер веднаш покажа дека нема основа за најстрога казна и не побара дополнителна проверка преку ВАР.

Зошто немаше пенал?

Според Правилата на фудбалската игра, одлуката е исправна. Играњето со рака не се казнува доколку топката претходно го погодила играчот по допир од негов соиграч. Во овој случај, топката прво се одбила од Ајмерик Лапорт, а потоа го погодила Родри во раката, поради што не постои прекршок.

Единствениот исклучок од ова правило е кога ваков допир со рака ќе доведе до непосредно постигнување гол од напаѓачката екипа. Во таков случај погодокот би бил поништен. На крајот, Шпанија славеше со 2:1 и обезбеди пласман во полуфиналето, каде ќе се соочи со Франција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс