ЗНМ со осуда за дрското однесување на Бобан Милошески од „Авалон“ кон новинарка на „Слободен печат“

ЗНМ укажа дека несоодветниот тон, личните квалификации и потценувачкиот однос кон новинарите не се дел од професионалната комуникација

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), по пријава од новинарка на „Слободен печат“, испрати допис до Авалон продукција во врска со начинот на комуникација со неа за време на прес-конференцијата по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје.

ЗНМ укажа дека несоодветниот тон, личните квалификации и потценувачкиот однос кон новинарите не се дел од професионалната комуникација што треба да постои меѓу организаторите на настани и медиумите.

„Новинарите имаат право слободно да поставуваат прашања во рамки на својата работа, без оглед дали тие се пријатни или непријатни за соговорниците, а комуникацијата со нив треба да се темели на почитување на нивната професионална улога.

ЗНМ очекува укажувањето да придонесе ваквите ситуации во иднина да се избегнуваат и потсетува дека ќе продолжи да ги штити достоинството и професионалните права на новинарите“ велат од Здружението на новинари на Македонија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс