Почетокот на наставата во основните и средните училишта во Република Српска е одложен поради екстремно високите температури и несоодветните услови за одржување на настава.
Министерството за образование и култура на Република Српска ги известило училиштата дека наставата нема да започне во периодот од 4 до 11 септември 2026 година, со цел да се заштитат здравјето и безбедноста на учениците и вработените.
Од Министерството посочуваат дека одлуката е донесена поради тешките временски услови, кои создаваат ризик и отежнуваат нормално одвивање на образовниот процес.
„Мерката е преземена со цел заштита на здравјето и безбедноста на учениците и вработените во училиштата и обезбедување безбедни и соодветни услови за спроведување на образовната работа, во согласност со важечките законски прописи“, соопшти Министерството.
Така, наместо на 4 септември, учебната година во основните и средните училишта во Република Српска ќе започне по завршувањето на периодот во кој се очекуваат екстремно високи температури.
Извор: МИА