Search

„Железно небо“ на Марјан Георгиевски на репертоар на Битолски театар

Денес со почеток во 20.00 часот на репертоарот на Битолскиот театар ќе биде изведена претставата „Железно небо“, авторски проект на Марјан Георгиевски.

Се работи за театарски моноспектакл, проект на Марјан Георгиевски, кој заедно со Александар Димовски го создаваат овој “cinema theatre” користејќи повеќе алатки кои ги пружа театарот и филмот. 

Во претствата игра Марјан Георгиевски, а гласовите се на Јасмина Василева, Марко Богдановски, Марија Стефановска и Невена Ѓаковска. Дизајнот на звукот и музика е на Александар Димовски, додека пак фотографија на плакатот ја изработи Сашо Илковски

Најново

Последни колумни