Во каква реалност живее Путин? Зеленски го оспори руското тврдење за Донбас

Украинскиот претседател вели дека руската делегација во Абу Даби тврдела дека зазела половина од делот на Донбас што дотогаш го контролирала Украина. Според него, тоа тврдење не одговара на состојбата на фронтот.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руски воени и разузнавачки претставници на разговорите во Абу Даби изнеле претерани податоци за напредокот на своите сили во Донбас. Според него, тие тврделе дека руската војска зазела половина од територијата во регионот што дотогаш ја контролирала Украина, пренесува украинскиот медиум „УА.њуз“.

Тврдењето, според Зеленски, ја изненадило украинската делегација. Тој посочи дека движењата на фронтот може да се проверат преку јавно достапни податоци и оцени дека рускиот претседател Владимир Путин можеби добива погрешни информации од своите најблиски соработници.

Зеленски смета дека Путин можеби се обидува да ги убеди американските преговарачи дека руските сили можат да го заземат целиот исток на Украина за неколку месеци.


Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф соопшти дека меѓу главните теми на разговорите биле безбедносните гаранции за Украина, улогата на НАТО и идната безбедносна рамка во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс