Зеленски: Украина е подготвена за трилатерални разговори со Русија во Азербејџан

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со Илхам Алиев во Баку изјави дека Украина е подготвена за трилатерални разговори со Русија во Азербејџан.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина е подготвена за трилатерални разговори со Русија во Азербејџан. Изјавата ја даде по средбата со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев во Баку, каде една од главните теми биле мировните напори.

Зеленски рече дека Киев ја цени улогата на партнерите кои можат да помогнат во посредување и отворање простор за разговори.

„Со азербејџанскиот претседател споделивме дека сме подготвени за трилатерални разговори. Имавме такви разговори во Турција, имавме такви разговори со нашите американски партнери во Швајцарија“, изјави Зеленски, пренесува „Укринформ“.

Според украинскиот претседател, Азербејџан би можел да биде една од можните локации за ваков формат на преговори, доколку постои подготвеност и од другите страни.

Изјавата доаѓа во период кога Киев продолжува да бара дипломатска поддршка за мировните иницијативи, додека војната со Русија останува без јасен политички исход.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни