Здружението на трансродови лица поднесува тужба против извршната наредба на Трамп

Групите кои се борат за права на трансродовите лица се подготвуваат да поднесат тужба против извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп, чија цел се трансродовите припадници на војската.

Неименуван извор со знаење за ова прашање рече дека застапниците на ЛГБТИ+ и Националниот центар за лезбејски права (NCLR) ќе поднесат заедничка тужба во која се наведува дека извршната наредба ги прекршува гаранциите за еднаквост на Уставот на САД, објави Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша четири извршни наредби поврзани со промените во војската, објави претходно денеска портпаролот на Белата куќа, Вил Шарф.

Американскиот претседател потпиша извршни наредби за ставање крај на различноста, правичноста и вклучувањето (DEI) во војската додека леташе на Air Force One.

Третата наредба се однесува на елиминација на „родовиот радикализам“ во војската, како и канцелариите кои се занимаваат со овие прашања во рамките на војската.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни