Search

Здраво тело и виагра за маратонско задоволство кое трае

Виагра, „малата сина пилула“, која ја користат милиони мажи ширум светот за еректилна дисфункција, всушност била откриена случајно.

Во раните 90-ти, научниците кои работеа во фармацевтската компанија Pfizer се обидуваа да измислат лек за ангина, вид на болка во градите предизвикана од намален проток на крв во срцето.

Меѓу кандидатите беше и лекот силденафил. Со блокирање на одреден протеин наречен фосфодиестераза тип 5, познат и едноставно како PDE5, лекот може да предизвика проширување на крвните садови.

Во едно испитување спроведено во раните 90-ти, мажите кои земале силденафил пријавиле несакани ефекти како што се црвенило, главоболка, гастроинтестинални ефекти и гадење. Тие пријавиле и ерекција која била сосема неочекувана.

„Ние бевме млад тим во тоа време и еректилната дисфункција не беше нешто за што бевме загрижени, така што навистина не знаевме дека има потреба од ваков лек“, објасни сер Сајмон Кембел, органски хемичар кој помогна во развојот на лекот, во подкастот Scientificly на BBC.

Учесниците во студијата одбиле да ги вратат таблетите
На крајот од студијата, некои од учесниците одбиле да ги вратат таблетите, изразувајќи желба да продолжат да ги земаат.

И така научниот тим се сврте кон тестирање на силденафил за еректилна дисфункција наместо срцеви заболувања. Силденафил на тој начин стана вијагра, пилула која повеќе се поврзува со работата на срцето.

Како силденафил ја третира еректилната дисфункција?

Силденафил делува така што го запира разградувањето на цикличниот GMP во мазните мускулни клетки на пенисот, што резултира со мускулна релаксација и го зголемува протокот на крв за време на сексуалната возбуда. Кај луѓето со еректилна дисфункција, нема доволно цикличен GMP.

Лекот стана вистински хит. Во рок од неколку недели по неговото одобрување од страна на американската Администрација за храна и лекови (ФДА) во 1998 година, повеќе од еден милион рецепти за вијагра беа издадени во Соединетите Американски Држави.

Производителот Pfizer проценува дека оваој лек сега го земаат околу 62 милиони мажи ширум светот, пишува Science Alert.

Подоцнежните клинички испитувања открија дека силденафил може да се користи и за лекување на срцеви заболувања како што е пулмоналната артериска хипертензија, како што првично беше наменет.

Извор: sciencealert.com

Најново

Последни колумни