Пријави нов македонски збор: Отворен е повикот за „Зборотворба на годината“

Рокот за испраќање нови кованици и локален сленг трае до утре, а најдобрите три предлози ќе добијат парични награди.

Иницијативата „Зборци“ отвори јавен повик за избор на „Зборотворба на годината 2026“, каде што граѓаните можат да испратат свои предлози за збор на годината заклучно со 1 септември. Досега се пристигнати повеќе од 300 предложени зборови од секојдневниот говор и локалниот сленг, а изборот завршува со централен настан на 12 септември.

Организаторите на изборот обезбедија паричен фонд за трите најдобри предлози. Првото место носи награда од 8.000 денари, второпласираниот збор ќе добие 4.000 денари, додека за третото место се предвидени 2.000 денари, заедно со пакети брендирани производи од „Зборци“.

Предлозите се испраќаат преку официјалната платформа zborci.mk или преку директна порака на нивните канали на социјалните мрежи. Пријавувањето е отворено за сите интерни изрази, сленг од секојдневната комуникација или автентични кованици.

Финалето на иницијативата е закажано за 12 септември под наслов „Зборотворба на годината 2026“. На настанот ќе настапат над 50 уметници и изведувачи кои низ програмата ќе ја претстават динамиката и современиот развој на македонскиот јазик.

е-Трн да боцка во твојот инбокс