Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот од нов судир

Организации што ги следат конфликтите предупредуваат на приближување на армиите. Извештаите за вооружени пресметки не се независно потврдени

Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж заедничката граница, зголемувајќи ја загриженоста од можен отворен воен судир. Ова го наведува Ројтерс, повикувајќи се на организации за следење конфликти и лица поврзани со вооружени групи, пренесува Бета.

Според организацијата АЦЛЕД и Меѓународната кризна група, натрупувањето војска ги довело силите на двете земји доволно блиску за да постои ризик од директна пресметка.

Слични информации дале и извори блиски до спротивставени вооружени групи во етиопскиот регион Тиграј, една што ја поддржува владата и друга што се бори против неа.

Етиопија и Еритреја

АЦЛЕД и лице блиско до бунтовниците тврдат дека во претходните денови веќе имало судири меѓу двете страни. Доколку се потврдат, тие би биле првите директни вооружени пресметки по повеќе од еден месец.

Но, извор близок до милицијата што ја поддржува етиопската влада ги оспорил тие информации. Ројтерс нагласува дека не можел независно да ги потврди извештаите за помали гранични судири.

Реакција од Еритреја

Еритрејскиот министер за информации Јемане Гебремескел ги отфрлил наводите на етиопската владејачка партија за случувањата во близина на границата, оценувајќи ги како пропаганда.


Сепак, тој не одговорил директно на тврдењата за натрупување војска или за вооружени пресметки. Засега, извештајот укажува на зголемен ризик од ескалација, без независна потврда за нови директни судири.

е-Трн да боцка во твојот инбокс