Започна снимањето на филмот „Потврда за живот“, во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот е копродукција помеѓу Минимал колектив од Македонија и Маринис медиа од Хрватска, реализирана со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и од Хрватскиот аудиовизуелен центар.

Во периодот од 24 до 28 април, на повеќе локации во Штип се одвива снимањето на краткометражниот игран филм „Потврда за живот“, по сценарио на Сандра Ѓоргиева и Јаков Поповски, во режија на Сандра Ѓоргиева.

Филмот се реализира со силна авторска и професионална екипа и тоа директор на фотографија е Ѓорѓи Клинчаров, костимограф Жаклина Крстевска, сценограф Симо Бранов, шминка и маска Карла Лазиќ, монтажер Ивор Шоње, дизајнер на звук Иван Зелиќ.
Актерската екипа ја сочинуваат Асја Јовановиќ, Елена Кирезова, Јелена Јованова, Ненад Митевски, Миле Вратеовски. Продуцент на филмот е Ивана Шекуткоска, ко-продуцент Ивана Мариниќ Грагиќ.

Филмот е копродукција помеѓу Минимал колектив од Македонија и Маринис медиа од Хрватска, реализирана со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и од Хрватскиот аудиовизуелен центар.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни