МВР ја информира јавноста дека во текот на вчерашниот ден (13.08.2026) во периодот од 17:00 до 22:00 часот спроведе акциска контрола за санкционирање на прекршоци кои ги прават возачите на лесни електрични возила на територијата на целата држава.
Како што додаваат од МВР, при контролите санкционирани се 72 возачи.
„Од нив, по 11 на територијата на СВР Тетово и СВР Битола, осум на територија на СВР Велес, седум на територија на СВР Куманово… Од страна на Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани се 20 возачи на лесни електрични возила. За време на контролата санкционирани се и 260 други видови на прекршоци“ велат од МВР.
Оттаму додаваат дела сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ се наведува во соопштението на МВР.