Search

За Google светот не е подготвен за напредокот на вештачката интелигенција

Извршниот директор Сундар Пичаи рече дека „секој производ на секоја компанија“ ќе биде под влијание на брзиот развој на вештачката интелигенција, предупредувајќи дека општеството треба да се подготви за технологии како оние што веќе ги користат многу мал дел од некои сектори, на глобално ниво. Во интервју за CBS’ “60 Minutes”, емитувано во неделата, кое наиде на реакции, новинарот Скот Пели испроба неколку проекти на Google креирани по принцип на вештачка интелигенција и рече дека се чувствува „вознемирувачки“, мислејќи на човечките способности кои се применети кај некои од проектите.

„Ова ќе влијае на секој производ во секоја компанија“, рече Пичаи. „На пример, ако по професија сте радиолог, ако размислувате за пет до 10 години од сега, ќе имате соработник со вештачка интелигенција со вас. Доаѓате наутро во ординација, да речеме дека имате сто предмети да ги поминете, може да рече: „ова се најсериозните случаи што треба да ги разгледате прво“.

Меѓу другите напредни модели со вештачка интелигенција во Google е и DeepMind, каде роботите играа фудбал. За разлика од луѓето кои учат од други, овие роботи имаат способност сами од себе да се надоградуваат и учат. Во друг сектор на развој на вештачката интелигенција постојат софтверски решенија кои препознаваат предмети. Му го донеле на Пели јаболкото што тој го побарал.

Кога предупредуваше за последиците од вештачката интелигенција, Пичаи рече дека обемот на проблемот со дезинформации и лажни вести и слики ќе биде „многу поголем“, додавајќи дека „тоа може да предизвика штета“.

Минатиот месец, CNBC објави дека, Пичаи им соопштил на вработените како успехот на новата програма Bard сега зависи од јавното тестирање, додавајќи дека „работите ќе тргнат наопаку“. Google минатиот месец го лансираше својот чет-бот за вештачка интелигенција Bard како експериментален производ достапен за јавноста. Тоа следеше по најавата на Мајкрософт, во јануари, дека неговиот пребарувач Bing ќе ја вклучи технологијата GPT на OpenAI, која привлече меѓународно внимание по лансирањето на ChatGPT во 2022 година.

Сепак, стравот од последиците од брзиот напредок допре до јавноста и критичарите особено во последните недели. Во март, Илон Маск, Стив Возниак и десетици академици повикаа на итно стопирање со „експериментите“ од кои некои беа „помоќни од GPT-4“, водечкиот LLM на OpenAI.

Google лансираше документ во кој се наведени „препораки за регулирање на вештачката интелигенција“. Но Пичаи рече дека општеството мора брзо да се прилагоди со регулативата, законите за казнување на злоупотребата и договорите меѓу нациите за вештачката интелигенција да е безбедна за светот. Посочи и на посебната важност на правилата кои „се усогласуваат со човечките вредности вклучувајќи го моралот .“

На прашањето дали општеството е подготвено за технологијата со вештачка интелигенција како Бард, Пичаи одговори: „Од една страна, чувствувам дека не, бидејќи темпото со кое можеме да размислуваме и да се прилагодиме како општествени институции, во споредба со темпото со кое технологијата се развива, се чини дека е несовпадливо“.

Сепак, тој додаде дека е оптимист, споредувајќи ги технологиите на иднината како што на денешните современи во минатото се гледало како на научна фантастика.

Извор: cnbc.com

Најново

Последни колумни