Search

Наде Василевска: Сега е последен аларм да се стигне и ова лето до идеалната форма

Наде Василевска, фитнес инструкторка и креатор на програмата за слабеење „Фитнес мастермајнд“ (Fitness Mastermind) за читателите на Трн открива кои се предизвиците кои треба да се надминат во процесот на губење тежина, како најлесно да се совладаат и исто така потенцира дека истрајноста со мали секојдневни победи носи големи резултати.

Инспирирана од нејзината лична приказна бидејќи и таа имала проблем со тежината создала експериментално со една другарка план на исхрана во комбинација со физичка активност, а резулатите биле извонредни. Откако на себе лично ја испробала програмата почнува да работи и со клиенти кои 98 посто се успешни во она што го прават.

Наде зборува и за некои митови поврани со губењето тежина.

Прво, околу доволната хидратација открива дека претераното налевање и не е корисно, па дури и штетно.

„ Нашиот организам е толку паметен што точно знае колку му треба, не треба да се налеваме со вода, затоа што и водата може да ни наштети некогаш, од литро и пол до две литра, во текот на целиот ден да имаме внес, посебно ако вежбаме плус некое пола литар, литар“ вели Наде.

Еве што вели Наде за лимон со млака вода сабајле на гладен стомак: „Лимони одсабајле и топли води, тоа да било лекот немало да има дебел човек на планетава, да бидеме реални нели. Јас не го препорачувам бидејќи на долг рок од искуство со клиенти со кои разговарам направиле голем проблем на желудникот, па сега покрај гојазноста и дебелината да се бориме и со желудникот, тоа е долг процес што само ќе ти го отежне патот.“

Автофагијата исто така не ја препорачува, тоа е начин на исхрана создаден за луѓе како Ѓоковиќ и Роналдо вели таа: „И таа е една од класичните начини на исхрана или диети кои што Новак Ѓоковиќ го спомна прв тоа, меѓутоа јас и сите рекреативци и нормални луѓе не можеме да се споредуваме со Новак Ѓоковиќ или со Роналдо, нивниот тек на живот, со нивната исхрана, нивната физичка активност не е иста како нашата, така што автофагијата е кога ќе ме прашаат за совет им кажувам пробај една недела види како ќе се чувствуваш, дали ќе имаш повеќе енергија, ќе спиеш подобро или ќе бидеш исцрпен, ќе те боли глава, ќе си нервозна и слично, тоа значи дека не е за тебе.“

На прашањето како да се биде фит до лето, таа вели: „Мојата методологија е дека не треба да се подготвуваме за лето, треба да се подготвуваме за цел живот, сме поминале десет лета на плажа и сме биле исти, некои има и што се срами да оди на плажа заради физичкиот изглед, значи мораме тоа да го смениме да сакаме да направиме трансформација за живот, не за бикини, а сега е последен аларм да се стигне и ова лето до идеалната форма, да се почне од денес да се вежба, од денес да се внимава што ќе се јаде, да не се тоа диети затоа што пак ќе дојдеме на истото , така што минимални промени, секојдневни и да ни биде зацртано у глава дека тоа ќе го правиме цел живот, не месец два до лето, тоа нема успех.“

Најново

Последни колумни