Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека предвремените избори ќе бидат распишани многу брзо, „во следните 15, 20 или 25 дена“.
Кампањата за парламентарните избори, додаде тој, ќе трае во согласност со законот – најмалку 45, а најмногу 60 дена, нагласи српскиот претседател.
Кампањата ќе биде „многу долга“, верува Вучиќ најавувајќи дека изборите ќе бидат распишани „многу, многу скоро“.
„Кампањата е предолга, претседателската кампања е обично пократка, трае помеѓу 30 и 60 дена, во согласност со Уставот и законите“, изјави Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави дека ќе продолжи да ја обиколува Србија, за да чуе што мислат луѓето и какви се нивните потреби.
„Ќе продолжам да ја обиколувам Србија и денес и утре и задутре, сигурно. Верувам дека ќе можеме да направиме многу повеќе за нашите граѓани“, рече Вучиќ.